ФЕРТ ГРЕДИ

naslovna1

По побарување на пазарот имавме причина да одиме чекор напред при што е донесена одлука  од основачите во 1997 година за отварање на погон за производство на ферт греди, што  донесе една новина и голем придонес во нашата работа.

Повеќе>

КАЉИ

naslovna2

Во нашето производсво ја почнавме работата со прозводство на каљи (елементи за шаловање) кои имаат намена за шаловање на сите бетонски елементи во градба. И исправувачницата на железо од  ø 5,5 до ø 14.

Повеќе>

ДИСТАНЦЕРИ

naslovna3

Дистанцерите се нов производ во градежништво , кои што  потекнуват од Италиа.
Сите градежни и трговски фирми со градежни материјали порано биле приморани да ги увезуваат од Италија.

Повеќе>

fibaudobredojdovteКомпанијата ФИ-БАУ се занимава со градежништво ( изведба на објекти по принципот „Клуч на рака“ ) и со изведување на други градежни работи. ФИ-БАУ е единствен производител во Македонија на дистанцери кои се користат при изведба на бетонски елементи, ѕидови носачи и разни бетонски конзоли.

Третата дејност на компанијата е трговија со градежни материјали,  санитарии, железарија, електроматеријали...
ФИ-БАУ е претставник на  италијанска компанија која на македонскиот пазар нуди елементи што се користат во градежништвото  (винкли, сврзувачи за оплата, кајли,...). ФИ-БАУ е основана  во 1995 година од браќата, Фејзо и Ибраим, од чии имиња произлезе и името на компанијата, заедно со германскиот збор bau, што значи градба. Фирмата е лоцирана во селото Палатица, оддалечена два километри од автопатот Тетово – Скопје, покрај реката Вардар, на површина од 5000 м2 .

Станува збор за семејно претпријатие кое постепено ја зголемува пазарната активност, бројот на ангажираните работници, машинскиот и возниот парк, како и обемот на превземените и изградените објекти. Постојаното инсистирање на развојот придонесе и за перманентно зголемување на ефикасноста и квалитетот во работењето на компанијата. На македонскиот пазар ФИ-БАУ е единствен производители на неколку елементи од градежната опрема, таканаречените дистанцери, кои преку сопствена дилерска мрежа, ги продава и во Албанија, Бугарија и Косово.

Повеќе...

www.fibau.com.mk info@fibau.com.mk  Контакт »